Имам одлична соработка со градоначалниците на општините во Скопје и за првпат по 20 години се решаваат клучни проблеми. Соработувам со секој што имам заедничка програмска определба и имаме заеднички цели за подобро Скопје, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешното интервју во ТВ Шења.

На прашањето како реагира на тврдењата на власта дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се меша во работата на градот Арсовска одговори: „Не знам зошто е проблем да комуницирам со Мицкоски, со луѓе кои покажуваат проактивно лидерство, и имаат желба да донесат инвестиции, да донесат проекти за одржливост на Скопје. Тогаш од Власта тоа е третирано како мешање во работата. Мојата соработка со лидерот на ВМРО ДПМНЕ е одлична, а неговото проактивно лидерство е пример како треба да се работи.“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.