Претставници на Град Скопје и ЈСП, предводени од градоначалничката Данела Арсовска, денеска се сретнаа со претставниците на приватните автобуски превозници во градот Скопје „Слобода превоз“ и „Макескпрес“, на која тема на разговор беше енергетската криза со која во моментов се справува државата, а директно ги засега токму превозниците.
Приватните превозници истакнаа дека со моменталната цена на метанот која е зголемена за 100 проценти, не можат да ги користат еколошките автобуси кои се и повеќе од потребни, посебно во овие моменти кога ситуацијата со загадениот воздух е алармантна. Тие кажаа дека побарале помош од Владата поради новонастанатата ситуација и се надеваат дека централната власт ќе има слух за нивните барања, со цел да им се помогне да ја издржат оваа криза.
Приватните превозници бараат и со закон да се обезбеди соодветно законско решение кое ќе ја заштити цената на овој енергенс како еколошки неопходен и стимулативен во постојниот и иден развој на дејностите од јавен интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.