Приватните превозници донесоа одлука како ќе се одвива нивниот протест.

Утре со почеток во 6 часот ќе бидат блокирани Илинденска, од семафорите после Влада до МИ-ДА. Блокирањето ќе биде само на десните ленти.

Според најавите, доколку не се постигне договор до понеделник, приватните превозници ќе ги блокираат крстосниците кај „Мавровка“, „Црвен крст“ и „Илинденска“.

Се очекуваат 200 автобуси да бидат паркирани за време на протестот.

-Гневот кај приватните превозници е голем бидејќи тие се под закана и уценети. Под закана се дека им се раскинуваат договорите, им се вели да не го бараат долгот, а ако бараат им се вели дека ќе се земат други превозници. Градоначалничката вели “секој чесен превозник ќе може да си ја врши работата“, а јас ви велам дека нема ниту еден нечесен човек таму. Не знам по кој критериум ќе бираат чесни превозници во таа циркузијада, но сакам да предупредам дека револтот е после сите искажани лаги, не може да ги лажете превозниците и корисниците на нашите услуги, рече Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.