Општина Кисела Вода ги информира своите жители дека од понеделник до 27 март (недела), ќе се одвива акција за подигнување на кабаст отпад.
Акцијата ќе се спроведе во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“. При тоа, ќе бидат поставени специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, а граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие.
Специјалнитре контејнери за кабаст отпад ќе бидат поставени на следните локации: УЗ населба Драчево- улица „Бранко Заревски”, број 17, Парк на бранители, УЗ „Кисела Вода“- улица „Христо Татарчев” (главна) наспроти градинката „8-ми Март“, УЗ „Цветан Димов“- улица „Георги Димитров” (заден влез на СГУ „Васил Антевски-Дрен)“ и УЗ „Црниче“ – улица „Наум Охридски”, бб (пред УЗ „Црниче“)
Правилното одложување на кабастиот отпад има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење, а исто така, на тој начин се спречува создавањето на диви депонии и грда слика за средината во која се живее. Се надеваме на совесното однесување на сите наши жители за кои се спроведува оваа акција, соопштија општинските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.