Општина Гази Баба започнува со акција за подигање на хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години кои се оставени на јавни површини, информираат од општината.

-По направено скенирање на теренот дел од направените јавни паркинзи се зафатени од возила кои не се во возна состојба. Акцијата е со цел ослободување на паркинг простор особено во урбаниот дел.Апелирам до граѓаните кои се сопственици на вакви возила самостојно да ги отстранат од јавните паркинзи.Акцијата во следните денови ќе започне од Урбаната заедница Автокоманда, велт од Општина Гази Баба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.