Тренерот на Арсенал, Микел Артета призна дека неговиот тим синоќа во дербито со Манчестер сити беше надигран од домаќинот.
„Граѓаните“ во натпреварот од 33. коло на шампионатот на Англија победија со 4:1.
– Бевме победени од најдобриот тим, тоа е сигурно. Беа одлични и тешко е да се постигне ова ниво. Денеска не бевме на тоа ниво. Против вакви ривали неопходно е да се биде добар во физичките дуели. Ние не го направивме тоа во првото полувреме и бевме казнети. Сити беше подобар од нас и не можевме да му парираме, изјави Артета.
Запрашан што значи овој пораз за шампионската трка, тој одговори:
„Ова е многу тешка вечер за нас. Загубивме, но мора да станеме и пошироко да ја погледнеме ситуацијата. Фактот дека сме во директна борба со неверојатен тим како Сити. Ни претстојат пет натпревари и се може да се случи. Низ годините видов колку многу може да се случи во оваа лига“.
Арсенал е лидер во Премиер лигата со 75 бода од 33 натпревари, Манчестер сити е втор со 73 бода од 31 натпревар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.