РЕК Битола до понеделник ќе работи со еден блок

Вести 13.07.2024 / 16:53

После вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок, информираат од компанијата.

Вчера доцна попладне во функција беше ставен Блок 1. Неочекуваниот испад на блокот заради прекин на напојувањето, предизвика проблем во котелот на Блок 1 заради што постројката во текот на денот ќе биде исклучена од мрежа. Се очекува санацијата на проблемот да заврши до понеделник, по што Блок 1 ќе биде повторно ставен во функција и РЕК Битола да продолжи со работи со два блока.

Во тек се пуштачки операции на Блок 3 кои вчера беа прекинати заради испадот на 110 киловолтна собирница на МЕПСО. Постројката ќе биде ставена на мрежа во текот на денешниот ден.

Ремонтот на Блок 2 на РЕК Битола се одвива непречено и согласно предвидената динамика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişcasibom güncel girişgrandpashabet girişbaywin girişmeritkingJOJOBETjojobet giriş