Евгениј Пригожин, кој и понатаму е во расправија со руското Министерство за одбрана, рече дека неговите платеници можеби нема да останат во Украина на прашањето каде групата ќе се бори понатаму.
Не сум сигурен дека ќе останеме во Украина, рече водачот на платениците, чии војници неодамна го заробија Бахмут во име на Русија по најдолгата и најсмртоносната битка во војната.
Треба да се напомене дека Пригожин често користи сарказам или иронија во своите изјави.
Тој ја коментираше украинската армија.
Секоја офанзива и нејзините резултати мора да се оценуваат откако ќе се исцрпи офанзивниот потенцијал на непријателот. Колку што разбрав, украинскиот офанзивен потенцијал е далеку, далеку од исцрпеност. Ќе бидат потребни месец и пол до два месеци и потоа ќе треба да одлучиме дали ја постигнаа целта или не, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.