Следните избори се референдумска одлука, да победиме со 61 пратеник за реформи, за проекти и трансформација и просперитетна Македонија, порача од Битола претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Денеска сме во Битола како резултат на теренската акција која ја спроведуваме низ Македонија, разговаравме со многу групи на битолчани, со здравствени работници, со луѓе од РЕК Битола со енергетичарите, разговаравме што не чини и што е важно во програмата на ВМРО-ДПМНЕ да се најде за дел од овие работи да бидат коригирани.
Ние одбравме да чекориме тешко, но одбравме да чекориме пат кој нема да биде срамен. Следните избори се референдумска одлука, да победиме со 61 пратеник за реформи, за проекти и трансформација и просперитетна Македонија, објави на Фејсбук Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.