Мировните сили на ОН (УНИФИЛ), распоредени долж јужната граница на Либан, ги повикаа страните на „воздржаност“ и понудија „механизми за поврзување и координација“ за намалување на тензиите и спречување на брзо влошување на безбедносната ситуација.
Апелот на УНИФИЛ уследи откако од југоисточен Либан беа нападнати цели на „територијата под израелска окупација“, на што Израел возврати.
За нападот врз израелските позиции во спорната област на планината Дов, одговорноста ја презеде Хезболах.
УНИФИЛ, исто така, објави дека е во контакт со властите од двете страни на границата на сите нивоа „со цел да се задржи ситуацијата и да се избегне посериозна ескалација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.