Зошто СДСМ не лобираше кај Шолц од нивната сестринска партија, да го извади бугарскиот премиер од состанокот додека се гласа за Македонија да почне преговори?Од почетокот на преговорите со ЕУ на Украина и Молдавија видовме дека се се може ако се сака, ако ЕУ имаше интерес да почнеме преговори ќе најдеше начин да ја убеди Бугарија, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија, е доказ дека причина зошто не сме почнале преговори со ЕУ, не е Бугарија, туку криминалот и корупцијата на власта.Ако е Бугарија само проблем, таа ќе била решена, проблем е криминализираната власт, со која никој од ЕУ не сака да седи на маса.Не запира да зачудува мазохизмот на СДС и ДУИ, кои и по сите добиени шамари и јасни сигнали дека во Македонија има епидемија од корупција, тие продолжуваат да спроведуваат штетни политики, наместо да понесат одговорност.
Со СДС и ДУИ Македонија не може подобро. Потребна е нова влада која ќе се грижи за националните интереси и ќе се бори против криминалот и корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.