Зошто на Пендаровски му требаше Советот за национална безбедност за да го прифати францускиот предлог?

Македонија 04.07.2022 / 12:06

Во напорите на власта беспоговорно да го прифати францускиот предлог за кревање на бугарското вето за официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, без притоа да го слушне гласот на народот, пред се на Македонците, се стигна до безумие!

За да го обелодени својот став, претседателот на државата Стево Пендаровски, го свика Советот за безбедност! А, зошто воопшто му требаше тоа? За да даде специфична тежина на својата одлука или да прикаже институционално функционирање на системот, чиј носител е и функцијата Претседател на државата?-прашува „Пресинг ТВ“ во својата анлиза.

Веројатно тој самиот си знае. Како и да е, за претседателот Пендаровски е прифатлив францускиот предлог со една забелешка дека недостасува, како што наведе, само една реченица, со која Македонија би се откажала од натамошни преговори со Бугарија ако само уште еднаш бугарската страна достави дополнителни барања. Ова парафразирано, што во суштина значи дека Европската унија не може да даде целосни гаранции за вакво нешто. Дополнително, остана нејасно кој и каде ќе треба да ја додаде таа фамозна реченица.

Меѓутоа, формата е бледа копија на тоа што не така одамна го направи и бугарскиот претседател Румен Радев, со што на ветото и на ставот на Бугарија им даде безбедносна димензија.

Давањето безбедносна димензија на францускиот предлог, пак, за Македонија има сосема друго значење. Зашто, суштината на францускиот предлог, на што се темелат сите отпори и стравувања на Македонците за негово неприфаќање е заканата од отворена нивна асимилација и постепена бугаризација на рати. Со други зборови, излегува дека за Пендаровски и за Советот за безбедност постоењето на Македонците и на македонизмот во Македонија станаа безбедносно прашање!?

Ова ли е тоа, што според Пендаровски може да постигне земја со 1,8 милиони жители и 500 евра плата?

По ваквото безумие и малодушност, што уште останува да направи Пендаровски? Да поднесе предлог за донесување закон за создавање суд за судење на престапи извршени против бугарската национална чест во Македонија, токму по примерот на судот формиран со одлука на АСНОМ пред завршувањето на Втората светска војна?!

А, еве што донесе АСНОМ:

Решение за создаванје суд за суденје на престаплениа извршени против македонската национална чест

Во време кога Македониа беше окупурана од германците и бугарските фашисти, кога македонскиот народ изживуеше тешки моменти во своето национално соштествуванје, кога најарните народни сили со сите средства, па и со оружје во рака, се бореја за запазуенје на македонската националност, јазик и култура, за македонското име воопшто – се најдоа пораженци и изроди во нашиот народ, било от лични интереси било от општествена саможивност по севозможни начини соработуеја со окупаторите, давајки им во нивната фашистичка и денационализаторска политика реална помокј. По тој начин тие го издадоа својот народ и ја извалкаја македонската чест.

Македонскиот народ не може да ги остави без наказание извршителите на овие престаплениа.

На това основание Антифашиското Собрание на Народното ослободуенје на Македониа го донесуе следното.

РЕШЕНИЕ

Чл. 1 Се создава специален суд за суденје на престаплениата против македонската национална чест, кои на териториата на Македониа ке суди на секое лице кое за време на окупацијата направило

Чл. 2 Овој суд ке суди за оние престаплениа направени против националната чест, кои не можат да се квалификујат како издајство, или како помаганје на окупаторот на престапленјата против македонската национална чест осудуе на лишуенје от национална чест, во која влегува и лишуенје от грагјанска чест; лесна или тешка присилна работа и конфискуванје на имот. Лишуенјето от националната чест може да биде времено или доживотно, а присилната работа може да трае највеке до 10 години.

Колку ќе се фалсификува АСНОМ?

Чл. 4. Во случај да се утврди по време на раследуенјето, оти е извршено престапление за кое се осудуе на смрт, судот за срденје на престапленијата против македонската национална чест ке се огласи за ненадлежен, а предметот ке го испрати на надлежниот суд.

Чл. 5. Антифашиското собрание на Народното Ослободуенје на Македониа т.е. Президиумот ке издаде нужни законски решениа во кои ке ги суди судот за суденје на престаплението против македонската национална чест, уредуенјето на судот и процедурата.

Чл. 6. Судот за суденје на престаплениата против македонската национална чест се избира од Президиумот на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободуенје на Македониа, и се состои од 30 члена кои судат во состав од 3 члена.

Чл. 7. Президиумот на АСНОМ назначује народен тужител при судовите на народната чест.

Чл. 8. Ова решение влегуе во сила от денот на објавуенјето.

*Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции, дури ни кога има очигледни грешки како онаа во редните броеви (по 2 следува 4) или кога има недовршени реченици (Кај член 1) и сл.

Извор: Документи од создавањето и развитокот на Н.Р. Македонија (1944-1946), Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1949

Треба да се напомене дека на 16 април 1945 година Народното собрание на Македонија ќе донесе Закон за изменение и дополнение на Решението, а во Службен весник бвр.11 од 11 јуни 1945 година е објавен и Закон за укинување и на Решението и на споменатиот Закон за негови измени и дополувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobet