Зошто Ковачевски и Ахмети молчат за предлогот да се ископира Хрватскиот модел на Устав, земја членка на ЕУ која до вчера ја кажуваа за пример? прашува ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ треба да се изјаснат за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Уставот на Македонија да се преслика од тој на Хрватска, каде Македонската држава ќе се означи како држава на Македонскиот народ и малцинствата кои живеат во Македонија, каде поименично ќе се запишат сите кои беа опфатени во последниот попис.

Според ВМРО-ДПМНЕ Пресликување на Хрватскиот модел, е одличен пример за Македонија.

Хрватскиот устав е устав на земја членка на ЕУ и сметаме дека пресликување на истиот може само да ја зацрвсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди.Доколку СДС и ДУИ се искрени тие нема зошто да се противат на хрватскиот модел, кој ги гарантира правата на сите малцинства



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.