Првата трансплантација на црн дроб во Македонија ја активира пи-ар машинеријата на премиерот и тоа во денови кога гласно се зборува за неговите инфлуенсерски амбиции.
Работејќи на личниот имиџ, премиерот организира прием за тимот и пациентот во Свечената сала на Владата. Секако, на настанот премиерот одржа воведно обраќање, а потоа премиерот на лекарите и на пацинетот (?!) им додели „персонализирани благодарници (плакети)“.
Денешниот ден е посебно важен за мене бидејќи имав можност да ја изразам мојата огромна почит кон здравствените работници кои со својата посветеност и хуманост ја испишуваат историјата на македонското здравство. Првата трансплантација на црн дроб е уште една победа во борбата за спасување животи!
На членовите на тимот кои ја изведоа трансплантацијата – Ви благодариме, во името на граѓаните и на Владата на Република Македонија. Овој успех немаше да е возможен без вашето знаење, искуство и експертиза.
На пациентот му посакувам долг и квалитетен живот. Им благодарам и на семејствата на донорите за нивната човечност во најтешките мигови.
Уверен сум дека оваа победа на хуманоста ќе биде поттик за понатамошни професионални успеси на здравствените работници, но и поттик за нас, граѓаните, да го прифатиме органодарителството како благороден чин за спасување животи, рече премиерот во своето обраќање пред лекарите и пациентот.
Ова е пораката од премеирот Димитар Ковачевски по приемот во Владата.
Дека оваа приредба во Владата е резултат на пропагандното работење на личниот имиџ на премиерот е единствениот начин на којшто може да се протолкува „денешниот ден е важен за мене“. Билдање на сопствената популарност, зашто нема друг начин како да се протилкува зошто премиерот би му доделил „персонализирана“ благодарница на пациент со извршена трансплантација – дека организмот го профатил имплантот, дека преживеал, дека самиот се снаоѓа за неопходните лекови?! Едноставно, во моменти кога разумот не може да обезбеди логично објаснување, останува заклучокот дека се работи за самобендисаност и самопромоција.
Говорот на премиерот е спорен и е одраз на живот во облаци и по нешто друго.
Додека Ковачевски „на пациентот му посакува долг и квалитетен живот“ на специјално организиран настан за извршена трансплантација, и на пациентот на кој му е трансплантиран црниот дроб му доделува благодарница, во реалноста пацинетот со плакетата, но и сите други пацнети со трансплантации на социјалните мрежи бараат помош за самите да си го обезбедат лекот декортин кој кај нас воопшто го нема повеќе од шест месеци. Декортинот е лек кој се наоѓа на позитивната листа, но не и во аптеките во Македонија. Пациентите го купуваат во Србија или Косово, но и на црно.
Додека Ковачевски им доделува персонализирани (?!) благодарници на лекарите, лекарите се оставени без здравствено осигурување, масовно го напуштаат јавното здравство и заминуваат во приватното или во странство. Лекарите и медицинскиот персонал се излажани, без ветеното покачување на платите, без иднина.
Лекарите на кои Ковачевски им признава дека „овој успех немаше да е возможен без вашето знаење, искуство и експертиза“, веќе пет години се оставени без можност за едукации во странство.
Кадровското зајакнување мора да се состои во стимулирање на кадрите и оние кои сакаат да останат, да бидат задржани во системот. Мора да се инвестира во едукација и во образование. Без едукација здравствениот систем не може да напредува. Во последните пет години сите едукации и одења во странство на лекарите се прекинати. Сведоци сме дека дека наместо лекари, организационите директори одат на конгреси за обука. Тоа е чиста злоупотреба. Помошниот медицински персонал мора да биде дообучен. Мора да им се посвети внимание и на средните медицински училишта за да вадиме компетентен кадар. Нашите компетентни кадри, за жал, заминуваат главно во странство. Се плашам дека ќе се соочиме со период кога нема да имаме комептентни кадри во здравството, предупредува доктор Игор Николов во интервјуто за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.