Заради ветувањето во предизборието и функционирањето на партијата, а секако и од поддршката која ни ја дадоа граѓаните на Општина Конче, се заложивме за транспарентно работење, ефикасна општина и за остварување на раст и развој на истата. Иако затекнавме загрижувачка состојба со долг од над 25 милиони денари, тоа не не исплаши и ни дава храброст дека се разликуваме од нашите претходници – изјави Златко Ристов на регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Ристов додаде дека со преземањето на функцијата наследил многу лоша состојба во општината.
Систематизација на работни места со ангажирање на работници и исплата на договори за истите со над половина милион денари;
– Потрошени средства за одржување на постоечката механизација и моторни возила, а истите затекнати во катастрофална лоша состојба;
– Ветувани неосновани суми за исплата кон граѓаните;
– Потпишување на договори за амнестирање на договори без никаков основ;
– Потрошени багателни суми за угостителски услуги без никаков договор, а во функција на поткуп на граѓаните во изборите;
– Непочитување на закон за градење;
– Непочитување на законот за јавни набавки – нагласи Ристов говорејќи што затекнал од минатата локална власт.
Ристов посочи дека со неговото доаѓање комуникацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа добила нов квалитет, односно општина за сите граѓани подеднакво без црни листи и црвени линии.
Се почна проектот за дигитализација на општинските услуги. Одржувањето на јавната чистота и санирањето на дивите депонии се врши перманентно према капацитетите на ЈПКД Лакавица.
Завршен е проектот за реконструкција на довод со каптажи во с.Ракитец;
Направена реконструкција на потисен цевковод за село Габревци;
Во фаза на почнување е доградба на систем за фекална канализација во должина од 3,5 км во Конче;
Завршена реконструкција на дел од колектор на фекална канализација во село Долни Липовиќ;
Во завршна феза е проектот за реконструкција на локален пат село Д. Липовиќ-село Г.Липовиќ во должина од 3,6 км;
Изградба на улици 5,6 и 16 во с. Габревци со вкупна должина од 362 метри;
Почнување на проект за доградба на конаци во манастирот Св.Стефан-Конче – информира Ристов.
Ристов нагласи дека грижата кон граѓаните претставува приоритет.
Тука се и проектите коишто ги предвидовме за реализација во тековната 2022 година а тоа се следните: Уредување на јавните површини,тротоари и паркинзи за сите населени места за кои имаме вкупно предвидени 6 милиони денари, изградба на 4 улици во Конче со вредност од 4 милиони денари, изградба на улица во село Ракитец во должина од 1116 метри, доградба на конак во манастирот Св.Стефан во вредност од 3 милиони и 200 илјада денари – истакна Ристов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.