Љупчо Зиков, дежурниот бранител на власта на СДСМ со навреди им одговори на медиумите и на јавноста кои бараа одговори за висината на неговата плата од 120.000 денари како директор во државната компанија МЕПСО.
Зиков, во објава на социјалните медиуми безобразно и недостоинствено одговори: „јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка ставете“.
Со оглед дека, според објавената фотографија кон овој пост, може да се забележи дека Зиков консумира вино, претпоставуваме дека тоа тој го има направено во алкохолизирана состојба кога разумот и свесноста му се намалени.
Се надеваме дека дежурниот бранител на СДСМ, главниот лик во аферата „паразити“, Љупчо Зиков нема да го смени мислењето во текот на наредниот ден кога ќе испари алкохолот од неговиот организам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.