Со турканици и расправии заврши јавната дебата која беше планирана да се одржи во скопското село Страчинци меѓу жителите и претставници на Министерството за животна средина за каменоломот кој се очекува да се отвори во ова село.
Во рамките на постапката за издавање дозволи за каменоломите, била предвидена јавна дебата меѓу жителите, Министерството и инвеститорот, за да се слушнат аргументите на сите страни, но како што пренесува ТВ21 од лице место, тоа не беше постигнато поради вербалната пресметка која започна уште пред да влезат на состанокот.
Кога жителите конечно се согласија да влезат внатре за да дебатираат, ситуацијата ескалираше, по што го избркаа инвеститорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.