Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 124км југозападно од Скопје во Република Грција, велат оттаму.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 10 часот и 29 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината, се вели во нивното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.