Украинскиот претседател Володимир Зеленски им додели орден „Јарослав Мудриот“ на повеќе светски политичари, меѓу кои и претседателот на Собрание на Република Македонија, Талат Џафери.

Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот.

Списокот со имињата на кои Зеленски им додели орден „Јарослав Мудриот“ може да се прочита на службената страница на украинското претседателство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.