Здружението на историчарите на Република Македонија реагира поради отсуството на Историјата во наставните програми за VI одделение. Тие бараат мораториум на Концепцијата за основно образование.
Се надеваме дека нашата реакција ќе биде соодветно пренесена од вашиот медиум, имајќи ги предвид крајно негативните последици за македонскиот воспитно-образовен систем, како и на државата во целина.
Историјчаритецврсто опстојуваат на ставот дека Историјата мора да остане посебен предмет и воедно ги поддржуваме колегите кои сметат дека предметите Географија, Граѓанско образование, Биологија, Хемија, Физика треба да се изучуваат посебно.
Притоа, предупредуваме дека повторувањето на досегашната практика на избрзано донесување на нови наставни програми за историјата во последен момент, а во конкретниот случај за наставната програма за VI одделение за вештачки конструираниот предмет „Историја и општество“, од што ќе треба да произлезе и експресната подготовка на новиот ревидиран учебник, ќе предизвика крајно штетни последици за македонскиот образовен систем, на што најостро ќе реагираме!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.