|Билјана Ванковска oд Левица, коментирајќи ја вечерашната дебата се пожали дека она што требало да биде дебата всушност не било претседателска дебата.

Истакна дека биле прашувале за програми за млади, за антикорупција и за теми што не се врзани со претседателски надлежности.

-Се обидов да го обелам образот и вас и себе си. Јас немам програми за млади затоа што младите мене ме направија претседателски кандидат. Најмладата популација ми собра потписи, оние што сакаат да останат овде. Роните солзи над младите, јас ги собрав околу мене и сите сме во борба, рече Ванковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.