Со кусо соопштение и без изјави заврши денешната рудна разговори меѓу македонските и бугарските историчари. Средбата помина во позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век, стои во штурото соопштение на комисијата. Шефот на бугарскиот тим Ангел Димитров излегувајки од МНР, по вториот последен ден на разговорите, запрашан дали е задоволен од постигнатото, ги прокоментира временските прилики.

Сепак, бугарските историчари сабајлево пред камерите изјавија дека цар Самоил е затворена тема, но не и Гоце Дечев.

Оваа рунда разговори политичарите од двете страни оценуваа дека ќе донесе напредок. На дневен ред беа забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение. Историската комисијата досега до владите во Скопје и Софија има дадено препораки за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум.

До крајот на годината се планирани уште 4 средби на комисијата за историски и образовни прашања, а наредната ќе биде одржана во Софија на 12 и 13 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.