Заврши седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го презентираше Извештајот за мерките и активностите кои МВР ги презело во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи.

– На мое барање како претседател на Комисијата и на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме до МВР да ни достави информација за сите мерки и активности кои МВР ги има преземено во делот на она што значи електронски напади во објектите на подрачјето на целата држава. Од страна на министерот за внатрешни работи во петокот ни беше доставена комплетната информација и јас веднаш свикав Комисија која денеска се одржа. Од страна на министерот беа детално презентирани сите мерки и активности што МВР ги има преземено во делот на откривање и спречување на сите овие напади, изјави претседателот на Комисијата Миле Талевски.

Тој вели дека информацијата што стигнала од страна на МВР била класифицирана како државна тајна.

– Жалам што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во работата на Комисијата за одбрана и безбедност со оглед на тоа дека и претходно јас како претседател на Комисијата имав координација со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и го усогласивме и договоривме терминот за одржување на оваа Комисија, но од за мене неразбирливи причини ја напуштија работата на Комисијата и не учествуваа во целата дебата односно презентација на Извештајот од страна на министерот, рече Талевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.