Претседателката Гордана Сиљаноска Давкова најави дека наскоро својот Кабинет ќе го прошири со советник за внатрешна политика, како и дека ќе ги пополни трите места во Советот за безбедност со експерти за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени.
Како што истакна Сиљаноска Давкова во „Само интервју“, засега има само еден советник за надворешна политика, Жидас Даскаловски, иако може да ангажира уште четворица.
Засега имам еден советник, за надворешна политика, тоа е Жидас Даскаловски, а пет може да се ангажираат според законот. Оние луѓе кои јас сакам да ги вклучам долго време бегаат од политиката. Велат дека во секое време ќе дадат совет, но без да се институционализира тоа. Но, ќе биде наскоро и за внатрешна политика, а ќе ги пополнам и трите места во Советот за безбедност. Мерам, сакам во Советот да има експерт за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени, нагласи претседателката Сиљаноска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.