Последното осумчлено авганистанско семејство претходно ангажирано од НАТО што беше згрижено во Македонија денеска ја напушти земјава, со што успешно е заокружена мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои беа преземени од базата „Бехтел” во Косово, објави на фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– За време на нивниот престој во Македонија, им беше обезбедена континуирана помош и поддршка, како резултат на ефикасната и широка меѓуинституционална соработка, и со голем ангажман од Црвен крст, за што во оваа прилика упатувам благодарност до сите инволвирани во успешната реализација на целокупниот процес. Со обезбеденото привремено прибежиште на вкупно 68 Авганистанци, уште еднаш се докажавме како кредибилен НАТО партнер и придонесовме да се ослободат силите на Алијансата ангажирани во базата „Бехтел” во Косово и истите да делуваат во полн капацитет на Источното крило, а во контекст на заканите кои доаѓаат по земјите членки во тој дел, како последица на руската инвазија врз Украина, наведува во објавата шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.