Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката на функцијата, откако вчера Демократскиот сојуз на седницата на Централниот совет донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на владата најавена од премиерот Димитар Ковачевски. Оваа политичка партија беше членка на владината коалиција предводена од СДСМ и во парламентот има еден пратеник.

Ваквата одлука доаѓа откако претходно и партијата Алтернатива се одлучи да го напушти владејачкото мнозинство, откако премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието на РСМ списокот на министри и заменици министри кои ќе бидат разрешени од функцијата.

Во Собранието вчера започна пленарната седница за реконструкција на владата, при што нов коалиционен партнер во владата е Алијанса на Албанците. Сепак, најавите за излегување од власта на Демократскиот сојуз и на Алтернатива го поставија прашањето за бројот на пратеници што ќе гласаат за реконструкција на актуелниот владин состав.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.