Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, кој беше поднесен од адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски, нема да се најде на дневен ред.

Од вкупно 99 пратеници, 40 гласале ЗА, 58 ПРОТИВ и еден ВОЗДРЖАН.

И покрај денешниот апел на адвокатот Јанаки до пратениците во Собранието да дадат шанса да се разгледа предлог-законот, дел од нив сепак одлучија да не го дадат својот глас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.