За утре на пладне е закажана седницата на Собранието на која ќе биде инаугурирана новата претседателка на државата, Гордана Силјановска Давкова.
Се очекува таа во салата „Македонија“ да даде свечена изјава по што ќе почне да тече нејзиниот мандат како претседател.
Денеска, претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски ѝ го врачи на Силјановска Давкова Уверението за претседател.
Мандатот на актуелниот претседател Стево Пендаровски истекува утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.