За смртта на кралицата Елизабета Втора сочувство изрази и Зоран Заев, поранешен премеир на Македонија, а денес општественик.
Нејзиното височество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година.
Нејзините мудрост и капацитет изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери, а сигурен сум дека ќе инспирираат уште многу државни и политички водства во времињата кои доаѓаат.
Почивајте во мир Ваше височество. Ви благодариме за сѐ што Вие и Обединетото Кралство направивте како поддршка на интегративниот пат на Македонија, напиша Заев на Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.