Од Владата информираат дека утре во 9 часот премиерот во оставка Зоран Заев ќе му ја предаде функцијата на премиерот кој вечерва треба да биде изгласан Димитар Ковачевски.

Вечерва до полноќ Собранието треба да изгласа нова Влада, откако премиерот Зоран Заев по локалните избори поднесе оставка од функцијата. Владата се гласа со просто мнозинство од 61 пратеник, за кои власта вели дека ги има.

Изет Меџити од ДУИ најави дека нема да гласа, без да ги објасни причините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.