Артан Груби откако стана прв вицепремиер како да има амнезија за политичката случувања во Македонија.Тој се чини дека заборава дека неговата партија непрекинато е на власт 14 години и дека ДУИ одлучува за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ ќе ја формира владата.

Тој во емисијата  Клик Плус на ТВ21 проговори за тоа што се случуваше  рече дека во 2008 година кога токму ДУИ беше на власт и кога беше НАТО самитот на кој Македонија доби вето од страна на Грција.

Тој смета дека ветото донело анти ЕУ и анти НАТО расположение но оти ДУИ не можеле ништо да направат.

Додава дека во 2008 година „требаше да станеме членка на НАТО, но добивме вето од Грција и не влеговме“.

„Тоа создаде почва за анти европски и анти НАТО расположение во државата, евроскептицизмот порасна не само меѓу граѓаните туку и самите политички лидери во тоа време се свртија на друга страна. Со текот на времето тоа доведе до заробени институции, заробена држава. Ние како ДУИ не можевме ништо да направиме затоа што ВМРО ДПМНЕ беше многу силна, имаше 61 пратеник, потоа 63 пратеници, не можевме да направиме ништо, рече Артан Груби. Тој претходно посочи дека одлуката на ДУИ да го расипе таканаречениот „мајски договор“ со Груевски се покажала дека била исправна. По формирањето на владата без Груевски и со СДСМ земјата е сега членка на НАТО и многу блиски до започнување на преговори со ЕУ“,-изјави Груби.

Како всушност беше

По изборите во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ за коалицски партнер ја избра ДПА на Мендух Тачи.Две години подоцна по притисок на меѓународниот фактор во владата влезе ДУИ која тогаш не беше на ова ниво денеска и не можеше да поставува услови. Уцените дојдоа дури по неколку години. Како капак на се дојде прекршувањето на т.н Мајски договор“ кој беше воспоставен токму по барање на ДУИ според кој идните влади ќе ги сочинуваат победничките партии во македонскиот и албанскиот блок. Но по изборите во 2016 година иако ВМРО-ДПМНЕ победи кај Македонците а ДУИ кај Албанците, партијата на Груби одлучи да влезе во прегратките на Заев каде што е и денеска.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.