Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.

Препораката е доставена до Владата на Република Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.