Воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари, објави Телма.
Според информациите, таквата практика траела извесно време, се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало.
Родителите со заверени изјави се обратиле кај директорката на градинката која веднаш ја суспендирала воспитувачката од работното место и покренала дисциплинска постапка против неа.
Информнацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите, а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“, изјавила за Телма, директорката на градинката, Маја Велинова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.