Народот масовно вели НЕ за бугаризација, владата да се откаже од намерите за прифаќање на предлогот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Секој ден се повеќе народ излегува на улиците во Скопје во знак на протест против намерата на власта да го прифати предлогот за бугаризација на државата, со кој се негира јазикот, идентитетот и историјата.
Академската заедница, новинарите, колумнистите, целото општество ја гледа штетноста на предлогот кој Ковачевски сака да го прифати, а со кој не добиваме преговори, туку само сликање, и и се дава можност на Бугарија за многу блокади во иднина, се до целосна асимилација на народот.
Ваквиот предлог мора да биде отфрлен. Затоа што народот тоа го бара. И вечерва да излеземе во 19 часот и да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ БЛАГОДАРАМ! – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.