Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава изнесува 7.595.
Откако во минатото деноноќие беа регистрирани 668 нови случаи на Ковид-19 и 81 реинфекции, а пријавени беа и седум починати лица, вкупниот број на на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, а на починати 8.898.
Здравствените власти оценуваат дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. Сепак, за евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.