Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор, соопштија од Министерството за здравство.
Од МЗ додаваат дека Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче.
Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство.
Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.