До 17 часот во Струга и струшко за претседател гласале 23 проценти од регистрирани 61.496 гласачи во единствениот избирачки список. За парламентарните избори пак излезноста е 35 проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.
Во Вевчани, според претседателката на ОИК Менка Кукоска, за избор на претседател и за пратеници гласале над 63 отсто од регистрираните 2.072 гласачи.
Во двете општини, како што потврдија од општинските изборни комисии гласањето се одвива тековно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.