Додека вчера илјадници верници влегоа во ладните води да го фатат светиот крст за кој се верува дека ќе му донесе среќа и благодат на оној кој ќе го фати, во штипско Ново Село крстот се наддаваше на лицитација, а среќниот „фаќач“ за тоа плати 95.000 денари.

Поради ваквиот чин за празникот „Богојавление Водици“ утрово има поделено мислење утрово на социјалните мрежи се води околу лицитацијата која се случила вчера.

Имено на видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како попот среде црквата во Ново Село во Штип го нуди светиот крст на лицитација.

Крајната цена на крстот достигна 95 илјади денари, а во меѓувреме додека течеше лицитацијата попот тврдеше дека парите им требале за да ги подмират сметките за струја, но не и за нивни лични потреби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.