Државната изборна комисија вечерва усвои Роковник за изборни дејности за изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа.
Членот на ДИК, Борис Кондарко, во своето образложение истакна дека Изборниот список ќе биде ставен на увид од 19 февруари до 10 март, односно наведе дека овој список ќе биде ставен на увид во сите подрачни одделенија на ДИК и на веб страницата.
– Собирањето на потписи на граѓани за кандидирање на кандидати за градоначалник во овие две општини ќе започне на 13 февруари и ќе трае до 27 февруари. Предлагањето на листи на кандидати од страна на политичките парти или независни листи на кандидати со собрани потписи до Општинските изборни комисии Маврово и Ростуше и Центар Жупа ќе може да се врши заклучно до 12 март. Изборната кампања за првиот круг започнува на 28 март и трае заклучно со 15 април, објасни Кондарко.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го потпиша решението за распишување на избори за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа кои треба да се одржат на 17 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.