Во Кочани е формирано граѓанско здружение „За наше Кочани“.

„Вчера во Кочани е формирано граѓанското здружение „За наше Кочани“, а на средба со иницијативниот одбор за Претседател на здружението е избран Владимир Данилов. Граѓаните ги препознаваат нашите вредности, граѓанскиот концепт се шири, народот се обединува! Продолжуваме и во другите градови во Македонија!“, соопшти градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

За наше Кочани е четврто здружение по теркот За наше Куманово. Вакви граѓански здруженија веќе има во Прилеп и Крушево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.