Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Јегуновце.

Тој го посети Туденце каде во тек е изградба на парк и кеj, а вредноста на проектот е 1.200.000 денари, средства од буџетот на општината. Во Раотинце е извршено комплетно реновиранье на внатрешниот дел на училиштето и поставуванье на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда, а средства во висина од еден милион денари исто така од буџетот на општината. Во населеното место Јегуновце се врши комплетна реконструкција на локални улици и поставуванье на атмосферска канализација во должина од 3000 метри нивно асфалтирање. Средствата во висина од 37.000.000 денари се обезбедени од Министерство за транспорт иод буџетот на Општина Јегуновце.

Мицкоски беше и во Вратница каде се врши реадаптација на постоечки објект во ОУ„Симче Настоски”, од интернат во градинка. Комплетното реновирање на внатрешениот дел на градинката е во вредност од 900.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Jегуновце, а инвентарот е обезбеден од Министерство за социјална политика, млади и демографија.

Во изјава за медиумите за време на посетата Мицкоски кажа дека бил во посета на овие локации за да види како се реализираат проектите коишто треба да го подобрат квалитетот на животот на луѓето коишто живеат во општината.

Како Влада ќе продолжиме и во иднина да подржуваме, да реалоцираме средства за проекти кои што ќе имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на жителите на целата територија на Македонија. И она кое што го зборувавме целиот овој период веќе зафаќа корени и почнува на дело да се применува, рече Мицкоски.

Според премиерот, за овие близу шест месеци како што се на власт носечките ветувања се реализирани: повисоки пензии, повисоки плати во образованието, за здравствените работници, реалокација на средствата итн. итн.

Ќе продолжиме и понатаму така да функционираме. Сите оние кои што мислат дека со интриги, со подметнувања, со раздор, со поделби ќе можат повторно да се вратат на политичката сцена, се лажат. Единството помеѓу оваа Влада и граѓаните е толку силно што природно ќе ги отфрли таквите сили кои што сакаат да не враќаат назад на оние темни сеништа во минатото. Јас можам само да им порачам да продолжат да тонат во своето политичко мочуриште, а ние како Влада заедно со граѓаните ќе се бориме за нашата единствена и заедничка татковина, Македонија, рече Мицкоски.

За време на посетата тој беше придружуван од градоначалникот на општината, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од овој крај, како и други граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.