Дека власта не знае кај тера се гледа и по начинот на кој оди промената на личните документи кои произлегоа како наша обврска од Договорот од Преспа. Досега, за да и удоволи на Грција, власта на Заев, а сега и на Ковачевски одеше и пред обврските кои се јасно прецизирани во спогодбата.
Па така, најпрвин побрзаа да ги направат „северни“ сите називи на инситуции, културни, спортски, музички. иако тоа никаде не е наведено.
Потоа, брусеа шахти каде беше нацртано сонцето од Кутлеш, па регистарски таблички.
На крајот на годината дојдоа на ред личните документи иако според договорот од Преспа тоа треба да се прави по отворањето на соодветните поглавја од преговорите со ЕУ, а Македонија е далеку од почеток на преговори.
Во текстот од Договорот се вели дека Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3, ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.
Власта дури си постави и рок до кога треба да се промена личните документи а тоа е следниот месец.Тоа створи оправдан револт кај оние граѓани кои имаат важечки документи и кои не сакаат да се изложуваат на дополнителен трошок.
И откако ги измалтретираа граѓаните со часови да закажуваат термин по телефон и да дремат на пункотвите каде не треба закажување, власта се сети на генијална идеја-пролонгирање на рокот.
Алелуја.
Но, понизноста се гледа по ставот на премиерот Ковачевски дека претседателот Пендаровски од кого потегна предлогот да ја прашал грчката претседателка дали ќе дозволела.
Да ја прашал претседателката на втората страна која патем и никој не знае како се вика и никој не ја есапи и во својата држава дали ќе дозволела ние дома да користиме лични карти на кои не им е истечен рокот. Нешто слично како Пендаровски овде.
Алоо, дали сме протекторат или независна држава?
Ајде да видиме што втората страна исполни од обврските кои ги има.Одговорот е ништо.
Да ништо. Дури и онаа најбезболната а тоа е промената на таблите на автопатите на кои се уште стои „Скопиа“ или „ФИРОМ“.
Што ќе биде кога ќе дојдат на ред преговорите за трговските марки можеме само да замислиме. Ќе треба да им се извинуваме за секое вино или кисело млеко на кое ќе стои „продукт од Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.