И по денешното повторено гласање, жителите на Општина Центар Жупа не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7 077 гласачи.

Од таму додаваат дека на денешното гласање правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус.

На Lокалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7 317, а го остварија 25,77 отсто.

Денешниот изборен ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места.

За да гласаат беа пристигнати околу 700 иселеници од ова подрачје, кои живеат и работат во Италија.

Во трка за градоначалничката функција, како и на 17 октомври минатата година, беа Аријан Ибраим, предложен од Турската демократска партија, кој довербата од граѓаните ја бараше третпат и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.