оранешниот заменик-директор на ЕСМ и внук на Али Ахмети, Фатмир Лимани, денес ќе ѝ се приклучи на партијата Беса заедно со својата политичка структура, објави Алсат.

Лимани беше независен кандидат за градоначалник на Кичево на локалните избори минатата есен.

Од Беса целат дека станува збор за крупен политички настан, поради тоа што Лимани, покрај во Кичево, каде водеше тесна борба за градоначалничката функција, има ограноци и во Скопје, Арачиново, Битола, Струга и во други места.

Приклучувањето на Лимани го потврди и лидерот на опозициската партија Беса, Биљал Касами.

Лимани со години беше член на ДУИ, но ја напушти партијата по серија несогласувања со раководството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.