Владејачките партии објавија Манифест заради обединување околу европската иднина. Повикуваат и на гласање за уставните измени. Дали ВМРО ДПМНЕ е подготвено да се вклучи во обединувањето околу членството во Европската Унија? Дали за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив ваков документ и ваков национален консензус кој што веќе беше побаран од Ковачевски?
Со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консензус. Имено седнале Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле манифест и откако самите го дефинирале го пуштаат во форма на соопштение преку сервисната служба на СДС до јавност со повик ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие тој документ, ако воопшто има основа за разгледување, ќе го изанализира и ќе излезе со свој став.
Ова е одговорот на опозицијата откако владејачките партии објавија Манифест заради обединување околу европската иднина и повикаа на гласање за уставните измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.