Од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат дека продолжува тенденцијата на правење паралелни тела на постоечките институции.

Вчера Владата донесе нова скандалозна одлука, да се формира посебен Совет за унапредување на образованието и науката.

 

Прашуваме, зошто е потребен ваков совет, кога постои Министерството за образование и наука и низа други институции во кои има по стотици вработени и раководен кадар кои добиваат плата за да креираат политики за унапредување на овие области?

 

Уште потрагично е кој ќе го води овој совет. Владиниот претседател Таче, заедно со оние главните во неговата Влада, неколку министри на ДУИ – Груби, Бесими и Шаќири.

 

Дружина која ја доведе државата на ова дереџе на кое сме во моментов – велат од Комисијата.

Оттаму додаваат дека таквите постапки придонесуваат граѓаните на Македонија да бидат исмевани на меѓународна сцена, потчинети од соседите, осиромашени граѓани кои едвај врзуваат крај со крај.

Дружина која создаде хаотично образование, без книги и без наставни помагала.
Без струја и греење во училиштата. Без превоз за ученици на кои ова право им следува…

 

Без пари за проекти на научниците. Разочарани професори на факултетите кои секојдневно протестираат.

 

Е, истите тие политички истрошени лица на кои поради бројните измами и неверства кон граѓаните, не може да им се верува, сега ќе глумат експерти во Совет за унапредување на образованието и науката и веројатно ќе добиваат огромен хонорар за тоа.

 

Ќе работат во тело кое ќе го замени МОН, како што Комисијата за историски и образовни прашања го замени и етапно го згаснува ИНИ и за оваа мисија нејзините членови досега добија награда во износ од над 240 илјади евра.

 

Епа, доста е!
Доста е од глупости и кражби!
Време е за избори!
Време е оваа Влада да си замине! – се наведува во реакцијата на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.