Референдумот е можност да се чуе народот, ги повикуваме власта и сите политички партии да ја поддржат иницијативата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако власта верува дека концептот за бугаризација и асимилација кој го турка е исправен, тогаш зошто има проблем да излезе на референдум и да го промовира тоа? Зошто се плаши власта да му даде можност на народот да одлучи? Потегот на Стево Пендаровски да го поддржи референдумот е добар почеток, и се надеваме дека тоа ќе го следи и СДСМ и останатите партии од власта. Доколку тие одлучат да не го поддржат, тоа ќе значи дека се плашат од народот и дека единствена цел им е на сила да го протуркаат концептот за бугаризација и асимилација, за само да останат ден повеќе на власт. Власта има можност да покаже разум, и да го прифати референдумот. Народот е тој кој одлучува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.