365 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, во сабота и недела, Саем на промените што носат иднина.ВМРО-ДПМНЕ прави прв политички саем во Македонија. Саемот ќе трае два дена. Преку интерактивни презентации, панел дискусии, ќе се промовираат проектите кои што во изминативе 365 дена се реализирале во општините каде што градоначалници се кадри од ВМРО-ДПМНЕ.
Саемот на промените има за цел да покаже како за само 365 дена е сменет целосно пристапот на општините кон граѓаните, приоритет се луѓето, жителите на населените места кои ги составуваат општините, проекти се реализираат секојдневно, а општинските администрации се служба на граѓаните.
Нови булевари, улици, училишта, градинки, се дел од работата на градоначалниците.Многу работа, труд и посветеност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија разлика која граѓаните ја препознаваат и станаа репер како треба да се работи за доброто на граѓаните- велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.