вмро-дпмне со став

Уставни измени нема да има, консензус само за избори

Македонија 10.08.2023 / 9:15

Криминалците од ДУИ и СДС бараат консензус единствено за да останат уште некој ден повеќе на власт за да крадат и да се богатат. Уставни измени под вакви околности ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да прифати, и тоа им е јасно на ДУИ и Ковачевски. Единствен консензус кој може да биде прифатлив е за предвремени парламентарни избори, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Знаејќи дека немаат двотретинско мнозинство за уставни измени, Ахмети и Ковачевски купуваат време со таканареченен манифест, документ напишан во штабот на ДУИ без никаква консултација на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Наместо да ги зачуваат и да се борат за националните интереси изминативе месеци, криминалците од ДУИ и СДС купуваа трговски центри, дуќани, автомобили, отвораа фирми за трговија со електрична енергија, земаа провизии, местеа тендери за себе инивните блиски. Единствен консензус за доброто на граѓаните и државата се избори. Избори веднаш за излез од оваа агонија и бездна во која ја втурнаа државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести