„Ставањето на црната листа на САД на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, ги потврди сите наводи на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години за негова вмешаност во коруптивни скандали во Македонија и тесна соработка со власта на СДС и ДУИ. Тие му овозможија на Давидовиќ да гради безмалку град во Тетово прво преку купување на имотот на Шик Јелак, а потоа и прегу носење на скандалозен ДУП“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, американските институции потврдија дека тој имал коруптивни активности и ги спроведувал руските намери за рушење на демократските институции, процеси, судството и правната држава. Во извештајот се нотирани имињата на Зоран Заев и Драги Рашковски (поручникот на Заев) кој дури и е посочено дека меѓудругото е гонет заради тоа што земал пари од Дака Давидовиќ.

Дали ова значи дека владата на СДС и Заев била рубља влада?

Дали црните рубљи завршиле во СДС или во приватните џебови на владините функционери?

Каде се сега наводните „европејци“ и „прозападни сили“ да објаснат како работеле со рускиот експонент, како добивале пари и каде тие пари завршиле?

Парите не знаеме каде завршиле, ама знаеме дека бизнис пајташот на Заев и СДС заврши на црната листа на САД“, порачаа од опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.